Никол Марфи беше „фатена на дело“ од папараците додека се бакнуваше со Антоан Фукуа во Италија.
51-годишниот модел си разменуваше нежности со 53-годишниот режисер кој 20 години е во брак со Лела Рошон и има три деца.


По објавувањето на фотографиите, претставник на Никол даде изјава дека тие се само пријатели и дека случајно се сретнале во Италија. „Антоан и Никол се само куќни пријатели. Таа наиде на него во Италија и тие си разменија пријателско ‘Здраво’ и тоа е тоа“ – рекол претставникот.












Но, само еден ден подоцна, Никол го промени својот став пред јавноста и се извини. „Без да навлегувам во целата ситуација, сакам да им се извинам на моето семејство, како и на Лела и семејството Фукуа за она што беше обелоденето. Не ми беше намера да се најдеме во ваква ситуација. Не одобрувам жени да се бакнуваат или да имаат непристојни односи со оженет маж. И јас еднаш бев во брак и никогаш намерно не би омаловажила друга жена“ - изјавила таа.
Фукуа е во брак од 1999 година со актерката Лела и заедно имаат две деца. Тој има и син од претходна врска. Антоан престојуваше во Италија за да прими награда за Најдобар режисер на филмскиот фестивал во Искја.
Во екот на скандалот, неговата сопруга ги избриша профилите на социјалните мрежи Instagram и Twitter.


Никол пак е мајка на пет деца од бракот со Еди Марфи.
