Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ник Картер со сопругата објавија дека очекуваат дете откако се соочија со спонтани абортуси, бременоста им била изненадување

Ник Картер со сопругата објавија дека очекуваат дете откако се соочија со спонтани абортуси, бременоста им била изненадување

Ник Картер и неговата сопруга Лорен имаат среќна вест. Парот наскоро ќе го добие третото дете.

40-годишниот пејач од Backstreet Boys сподели видео од преглед со ултразвук на кое се гледа нероденото бебенце. „Понекогаш животот те благословува со мали изненадувања“ – напиша тој.

Ник Картер

Бременоста била тотално изненадување за Лорен, која дознала дека е во блажена состојба во петтиот месец од бременоста.

„Мислевме дека ќе имаме две деца, беше изненадување. Дознав дека сум бремена кога бев пет и пол месеци бремена. Немав симптоми. Ништо не ми укажуваше дека сум бремена. Еден ден почувствував дека нешто се движи во моето тело и реков: ‘Ник, нешто не е во ред. Сметам дека треба да одам на доктор’“ – раскажа таа за People и призна дека првично мислела дека има тумор.

Двојката има две деца – 4-годишниот Один и 15-месечната Сирша. Пред да ја роди ќеркичката, Лорен имала неколку спонтани абортуси, од кои еден во вториот триместар.

Ник Картер

„Мојот последен спонтан абортус, оној пред Сирша, беше загуба во вториот триместар, а тоа е потрауматско. Беше слична ситуација како на Криси Тиген. Кога таа излезе со таа сторија, ние бевме многу среќни затоа што си мислевме: ‘Wow, други луѓе се отворени и ги споделуваат нивните приказни и не е толку табу’. Луѓето минуваат низ такви моменти и бев многу благодарна што споделија толку многу колку што споделија и тоа толку длабоко, бидејќи никој не зборува за тоа“ – појасни Лорен.

Ник и Лорен стапија во брак во 2014 година.

Ник Картер

За семејството, Ник вели: „Отсекогаш посакував да сакам некого, да сакам безусловно и да им дадам сè на тие луѓе, на мојата сопруга и на децата. Сега кога го имам тоа, го живеам мојот сон и многу сум благодарен и благословен“.

Ник Картер Ник Картер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.