Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Неочекувано „враќање“ на Дерек Шепард во новата сезона на „Grey’s Anatomy“ со тема пандемија

Неочекувано „враќање“ на Дерек Шепард во новата сезона на „Grey’s Anatomy“ со тема пандемија

Патрик Демпси накратко се врати во „Grey’s Anatomy“ („Вовед во анатомија“), на огромно задоволство на фановите на серијата.

54-годишниот актер повторно влезе во улогата на неврохирургот Дерек Шепард, кој загина во сообраќајна несреќа во 11-тата сезона. Ненадејното враќање на Дерек се случува откако неговата сопруга Мередит Греј (Елен Помпео) се онесвестува на паркингот од болницата.

Брачниот пар повторно се обединува на плажа во сон на Мередит. Средбата е прикажана во двочасовната епизода од новата сезона посветена на пандемијата.

Grey's Anatomy Grey's Anatomy Grey's Anatomy Grey's Anatomy

Трејлер

„Сакавме да им дадеме на луѓето надеж и радост, сакавме да вратиме нешто во овој момент. Има многу темнина, а ние знаевме дека обединувањето ќе биде мал сончев зрак. И двајцата имавме иста идеја, сакавме да им помогнеме на луѓето и да донесеме насмевка на нивните лица“ – рекла Помпео.

Grey's Anatomy Grey's Anatomy

Целта на фотографиите од „зад сцената“, на кои двајцата актери носат маски, е подигнување на свеста кај луѓето за сериозноста на ситуацијата и поттикнување на одговорност за следење на препораките.

„Се надеваме дека нашата серија ќе ве инспирира да носите маски за да се заштитите себеси и другите. Како што би рекол Дерек Шепард: ‘Ова е одличен ден за спасување животи’“ – рекла Криста Верноф, извршен продуцент на серијата.

Grey's Anatomy Grey's Anatomy Grey's Anatomy Grey's Anatomy Grey's Anatomy

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.