Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Еден од омилените ликови убиен во „Grey's Anatomy“

Еден од омилените ликови убиен во „Grey's Anatomy“

Обожавателите на „Grey's Anatomy“ (Вовед во анатомија) се непријатно изненадени и разочарани од одлуката на сценаристите да убијат значаен лик во серијата. Доколку не сакате да дознаете за кој лик станува збор, не продолжувајте да читате.

Grey's Anatomy

Во најновата епизода беше убиен неврохирургот Дерек Шепард. Тој почина како резултат на сообраќајна несреќа набрзо откако спаси 4 лица од друга сообраќајна незгода.

Grey's Anatomy

Патрик Демпси, кој ја имаше улогата на Шепард од 2005 година, проговори за излегувањето од серијата, непосредно пред емитувањето на новата епизода. „Сметам дека ќе биде шокантен начинот на кој тоа ќе се случи. Ќе биде моќно. Но, животот е таков. Мислам дека секогаш кога ќе замине некој од оригиналната екипа, останува празнина која не може да биде пополнета. Шепард е омилен лик. Луѓето не сакаат да го изгубат. Тој е дел од нивните животи 10 години“ – изјавил 49-годишниот актер.

Grey's Anatomy Grey's Anatomy Grey's Anatomy

Видео од последната епизода

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.