Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Неочекувани победници на Греми 2011

Неочекувани победници на Греми 2011

По добиените 10 номинации, се очекуваше дека Еминем ќе биде големиот победник на овогодинешното доделување на Греми наградите. Но, Еминем доби само 2 награди на синоќешната манифестацијата која донесе многу изненадувања, а најпосакуваните трофеи ги добија групите Lady Antebellum и Arcade Fire.

Кантри групата Lady Antebellum победи во 5 од шесте категории во кои беше номинирана. Нивниот хит „Need You Now“ им ја донесе наградата на Песна на годината, Аудио запис на годината и Најдобра кантри песна, а триото ги доби и наградите за Најдобар кантри албум и Најдобра кантри изведба од дуо или група.

Групата Lady AntebellumГрупата Lady Antebellum

Најпосакуваниот Златен грамофон за Албум на годината, на огромно изненадување на присутните и на гледачите, отиде во рацете на групата Arcade Fire.

Групата Arcade FireГрупата Arcade Fire

Па така, Еминем остана само со два трофеја на 53-тото по ред доделување на Греми наградите и тоа за Најдобар рап албум и Најдобра рап соло изведба.

Другото изненадување на вечерта беше прогласувањето на Есперанца Спалдинг за Најдобар нов изведувач. Младата џез пејачка успеа да ги победи Џастин Бибер и Дрејк, кои беа номинирани во истата категорија, и со тоа предизвика бес кај обожавателите на 16-годишниот тинејџер. Веднаш по прогласувањето на победниците, веб страницата на Есперанца на Wikipedia била нападната од обожаватели на Бибер кои оставиле непристојни коментари и забелешки.

Лејди Гага однесе дома три награди, меѓу кои за Најдобра женска поп вокална изведба за „Bad Romance“ и Најдобар поп албум за „The Fame Monster“.

Лејги ГагаЛејди Гага на церемонијата пристигна во јајце, со кое и го започна својот настап на сцената

Бруно Марс, кој имаше вкупно 7 номинации, доби Златен грамофон за Најдобра машка поп вокална изведба.

На свечената манифестација настапија голем број на музички ѕвезди, меѓу кои и Ријана, Еминем, Дрејк, Кристина Агилера, Џенифер Хадсон, Џастин Бибер, Кети Пери, Лејди Гага, Ашер, Мик Џегер, Боб Дилан, Барбара Стрејсенд и Гвинет Палтроу.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.