Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Најдобрите настапи на Греми 2011

ВИДЕО: Најдобрите настапи на Греми 2011

Лос Анџелес вчера беше домаќин на настанот за кој најмногу ќе се зборува и пишува во наредните денови. Доделувањето на Греми наградите како што донесе многу изненадувања меѓу победниците, така донесе и многу феноменални изведби на некои од најголемите ѕвезди во музичката индустрија.

Кристина Агилера, Џенифер Хадсон, Флоренс Велч, Мартина Мекбрајд, Јоланда Адамс

Шоуто започна со настап посветен на кралицата на соул музиката Арета Френклин. Заедно настапија денешните диви Кристина Агилера („Ain't No Way“), Мартина Мекбрајд, („Until You Come Back to Me“), Флоренс Велч („Think“), Џенифер Хадсон („Respect“) и Јоланда Адамс („Spirit in the Dark“).

Френклин, за која се верува дека се бори со рак на панкреасот, не беше во можност да присуствува во живот, но ѝ се обрати на публиката преку видео порака во која им се заблагодари на сите за убавите желби и им вети на своите обожаватели дека ќе присуствува на доделувањето на Греми наредната година.

Овој пат Кристина Агилера не ги помеша зборовите на песната, но крајот од настапот имаше мала незгода бидејќи таа се сопна на сцената.

Ријана, Еминем, Др. Дре

Ријана го започна настапот со песната „Love the Way You Lie (Part 2)“, а Адам од групата Марун 5 ја поддржа со изведба на пијано. Потоа на сцената се појави Еминем, исполнувајќи го својот дел од нивниот заеднички хит.

Еминем го продолжи настапот со изведба на „I Need a Doctor“, а му се придружи и Др. Дре.

Ријана и Дрејк

Ријана и Дрејк ја запалија сцената со нивниот настап за песната „What’s My Name“.

Лејди Гага – „Born This Way“

Лејди Гага се појави на сцената во капсула во форма на јајце и ја изведе за првпат во живо својата најнова песна „Born This Way“.

Со енергична кореографија и нестандардна облека, Гага се претстави токму во свој стил.

Кети Пери

Кети Пери ги исполни песните „Not Like the Movies“ и „Teenage Dream“. За време на својата изведба, Кети покажа и кратко видео од својата свадба со Расел Бренд.

Кети Пери беше номинирана за 4 награди, но не успеа да освои ниту еден Златен грамофон.

Џастин Бибер, Џејден Смит и Ашер

Џастин Бибер го започна настапот со акустична верзија на неговиот хит „Baby“, а потоа продолжи со „Never Say Never“ која ја исполни заедно со Џејден Смит.

Менторот на Џастин, Ашер, настапи со својата песна „OMG“.

Гвинет Палтроу и Си Ло Грин

Актерката Гвинет Палтроу се појави на сцената во улога на пејачка и настапи заедно со Си Ло Грин. Тие ја испеаја неговата песна „Forget You“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.