Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Еминем со 10 номинации за Греми

Еминем со 10 номинации за Греми

Вчера беа објавени номинациите за Греми наградите. На концертот за објавување на номинациите стана јасно дека Еминем е во водство со 10 номинации.

Неговиот најнов албум „Recovery“ е номиниран за Албум на годината, а неговиот дует со Ријана „Love the Way you Lie“ доби две номинации.

ЕминемЕминем е во водство по бројот на номинации за освојување на Греми награда

Втор по број на номинации е пејачот Бруно Марс кој доби 7 номинации и вчера настапи на сцената со неговиот хит „Just The Way You Are“.

Бруно МарсБруно Марс на сцената на вчерашниот концерт за објавување на номинациите

По шест номинации добија Лејди Гага, Џеј-Зи и Лејди Антебелум.

Мајкл Џексон е номиниран за Најдобра поп машка изведба за песната „This is It“, а Џастин Бибер и Дрејк добија номинации во категоријата за Најдобар нов изведувач.

Доделувањето на Греми наградите ќе се одржи на 13. февруари наредната година.

„Love the Way you Lie“ – Еминем и Ријана

„Just The Way You Are“ – Бруно Марс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.