Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќерката на Еминем се вери и објави фотографии од моментот на запросувањето

Ќерката на Еминем се вери и објави фотографии од моментот на запросувањето

Хејли Скот ќе заплива во брачните води. 27-годишната ќерка на Еминем сподели дека се вери објавувајќи фотографии од запросувањето на Instagram.

На нив, нејзиниот сакан Еван МекКлинток клечи на едно колено и ѝ го поставува судбоносното прашање.

Хејли и Еван се заедно шест години.

Хејли Скот Хејли Скот Хејли Скот

Семејствата на идните младенци со радост ја дочекаа среќната вест. „Не би можела да бидам посреќна за вас двајцата. Едвај го очекувам ова поглавје од животот со вас“ – напиша нејзината сестра Алаина Мари Скот.

Хејли Скот Хејли Скот

Хејли е ќерка на Еминем и Кимберли Ен Скот, кои двапати имаа стапено во брак. Тие се разведоа по вторпат во 2006 година, но се согласија на заедничко старателство над Хејли.

Хејли Скот

Хејли е ѕвезда на Instagram со 3 милиони следбеници. Хејли Скот постојано примамува нови обожаватели да ги следат нејзините стилски приказни и вели дека се обидува да создаде профил кој го претставува нејзиниот живот и кој е естетски привлечен. Нејзин сон бил да стекне популарност на социјалната мрежа за споделување фотографии, а неодамна го креираше и својот поткаст justalittleshadypodcast.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.