Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Еминем си го одзема животот во спотот за „Space Bound“

ВИДЕО: Еминем си го одзема животот во спотот за „Space Bound“

Џозеф Кан, режисерот кој го направи мегапопуларниот спот за „Love the Way You Lie“, уште еднаш му помогна на Еминем подобро да ја пренесе својата музика до обожавателите со тоа што го режираше неговиот спот за „Space Bound“.

Во видеото како девојка на Еминем се појавува поранешната порно ѕвезда Саша Греј. Исто како и во спотот за Love the Way You Lie, и ова видео прикажува проблематична врска – Еминем дознава дека неговата девојка го изневерува и си го одзема животот.

Спотот завршува исто како што и започнува, што ќе ве натера да се замислите дали всушност самоубиството и целата драма навистина се случила.

„Space Bound“ е дел од последниот албум на Еминем, „Recovery“.

Внимание: Сцената со самоубиството е вознемирувачка!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.