Кристијано Роналдо деновиве доби море од прашања и коментари затоа што одлучи да не присуствува на погребот на својот сонародник Диого Жота поради лични причини.
Сега, 40-годишниот фудбалер беше фотографиран на јахта на Мајорка со саканата Џорџина Родригез откако изрази длабоко сочувство до семејството на Диого и неговиот брат Андре.





„Ова нема никаква смисла. Штотуку бевме заедно во Националниот тим, штотуку се венчавте. На твоето семејство, на твојата сопруга и на твоите деца им испраќам сочувство и им ја посакувам сета сила на светот. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. Ќе ни недостигате“ – напиша тој.

Странските медиуми пишуваат дека Роналдо одлучил да не присуствува на погребот поради претходни трагедии во неговиот живот и затоа што не сакал да ја засени важноста на луѓето кои им оддадоа почит на Диого и неговиот брат.
Дел од играчите од португалската фудбалска репрезентација беа присутни на погребот за да се збогуваат со починатите фудбалери.




