Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе триумфира на Греми наградите

Бијонсе триумфира на Греми наградите

Доделувањето на Греми наградите е најзначајната вечер за популарните личности од светот на музиката. Музичките ѕвезди од цел свет се собраа на едно место за да ги прогласат најдобрите.

Апсолутен триумф на овогодинешното доделување на Греми наградите постигна незаменливата Бијонсе. Таа освои 6 златни грамофони и со тоа постави нов рекорд на освоени награди од женски изведувач.

Можеби Бијонсе ќе се закитеше и со седум награди, ако песната на нејзиниот сакан Џеј-Зи не победеше во категоријата најдобра рап песна.

Бијонсе Бијонсе

Бијонсе освои награди за најдобра песна на годината за песната „Single Ladies“; најдобра женска поп вокална изведба за песната „Halo“; најдобра женска R&B вокална изведба за песната „Single Ladies“; најдобра женска традиционална R&B вокална изведба за нејзината верзија на песната „At Last“; најдобар современ R&B албум за „I Am… Sasha Fierce“; најдобра R&B песна за „Single Ladies“.

Младата пејачка Тејлор Свифт освои четири награди, меѓи кои и наградата за албум на годината за албумот „Fearless“. Со тоа Тејлор стана најмладата изведувачка која некогаш ја освоила оваа престижна награда.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт

Таа ги освои уште и наградите за најдобар кантри албум за „Fearless“, најдобра кантри песна и најдобра женска кантри вокална изведба за песната „White Horse“.

Уникатната Лејди Гага доби две награди за најдобар електронски/денс албум за албумот „The Fame“ и за најдобар денс аудио запис за песната „Poker Face“.

Лејди Гага Лејди Гага

Наградата најдобар аудио запис ја добија „Kings Of Leon“ за „Use Somebody“, а наградата за најдобар нов изведувач отиде во рацете на Zac Brown Band.

Black Eyed Peas освоија три награди меѓу кои и награда за најдобра поп изведба од дуо или група за песната „I Gotta Feeling“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.