Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Накитот на Бијонсе за „Греми“ чини вртоглави 10 милиони долари

ФОТО: Накитот на Бијонсе за „Греми“ чини вртоглави 10 милиони долари

Присуството на Бијонсе на доделувањето на престижните награди „Греми“ не помина незабележано заради нејзиниот жежок настап со Џеј Зи. Но, освен изведбата на „Drunk In Love“, другата причина поради која музичката дива се најде во медиумите беше нејзиниот накит.

По завршувањето на настапот, 32-годишната ѕвезда се пресоблече во бел фустан од Мајкл Костело кој ги оцртуваше нејзините облини. Во стајлингот беше вклопен дијамантски накит од Лорејн Шварц со вртоглава цена од 10 милиони долари.

Бијонсе

Самата дизајнерка објави фотографија од масивниот накит на Instagram, нарекувајќи ја Бијонсе своја муза.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе и Џеј Зи Бијонсе

Ова не е првпат холивудска ѕвезда да заблеска со накит со луда цена. Софија Вергара на „Еми 2013“ носеше накит во вредност од над 7 милиони долари.

Софија Вергара

Џесика Алба на „Златен глобус“ минатата година се појави со огрлица од 5,8 милиони долари.

Џесика Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11351 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.