Почетна » Новости » Занимливости » „Чудо на животот“: Родителите на единствената ДЕВЕТорка на светот со нови фотографии од дечињата

„Чудо на животот“: Родителите на единствената ДЕВЕТорка на светот со нови фотографии од дечињата

Два месеци по четвртиот роденден на единствената деветорка на светот, родителите споделија фотографии од нивните „незаборавни спомени“.

Мајката Халима Цисе и таткото Абделкадер Арби од Мали во објавата на Instagram им се заблагодарија на сите за поддршката која им ја даваат од првиот ден по раѓањето на нивните дечиња-рекордери.

Деветорка Деветорка Деветорка Деветорка

„Незаборавни спомени... Навраќање на пред повеќе од 4 години... Еве некои ретки фотографии од нашите богатства непосредно по нивното раѓање и скапоцена фотографија од нивната мајка Халима за време на нејзината исклучителна бременост.“

„Чудо на животот, неверојатна сила, огромна љубов. Исполнети сме со благодарност за тоа колку далеку стигнавме и за целата поддршка која ја добиваме од самиот почеток.“

„Ви благодариме на сите кои сте со нас од првиот ден“ – напишаа родителите.

Деветорка Деветорка Деветорка Деветорка Деветорка

Четирите момчиња и петте девојчиња наполнија 4 години на 4 мај. Тие се родија во 2021 година во специјализиран центар во Мароко и се единствена деветорка на светот која има преживеано.

Халима мислела дека носи седум деца сè до денот на нејзиното породување кога биле откриени уште две бебиња.

„Отидов за ултразвук мислејќи дека носам близнаци. Но, докторот рече дека има седум фетуси. Докторите рекоа дека мојата бременост е премногу ризична. Морав да заминам од Мали и да одам во Мароко. Ги оставив мојата 2-годишна ќерка, моето семејство, мојот сопруг. Во клиниката во Мароко лежев ден и ноќ. На 4 мај 2021 година, на денот на процедурата, докторите открија дека очекувам деветорка. Денот кога сè се промени. Девет бебиња се родија живи. Вистинско чудо“ – напиша Халима.

„Сите деца се добри, му благодариме на Бог. Многу пораснаа од нивниот последен роденден и очигледно се променија“ – рече Халима на роденденот на децата.

Деветорка Деветорка Деветорка Деветорка Деветорка Деветорка Деветорка Деветорка Деветорка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27238 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.