Почетна » Новости » Занимливости » Првата деветорка во светот си отиде дома: ДЕВЕТТЕ бебиња ја напуштија болницата месеци по првиот роденден

Првата деветорка во светот си отиде дома: ДЕВЕТТЕ бебиња ја напуштија болницата месеци по првиот роденден

Деветнаесет месеци по породувањето, Халима Цисе од Мали ги одведе дома своите рекордни ДЕВЕТ бебиња.

Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе

Првата деветорка во светот се роди во мај 2021 година, во 30-тата недела од бременоста. Секое бебенце тежеше меѓу 450 и 900 грама, па тие мораа да поминат месеци во инкубатор пред да си одат дома. Сега, нивната здравствена состојба е одлична.

„Има многу работа, но Алах, кој ни го даде овој благослов, ќе ни помогне во нивното растење и грижата за нив“ – рекол нејзиниот сопруг Абделкадер Арби по заминувањето дома.

Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе

Кога се породи, Халима имаше 25 години, а докторите сметаа дека носи седум бебиња. Огромно било изненадувањето кога се родиле девет бебиња, кои го срушија Гинисовиот рекорд за најголем број на родени преживеани деца на едно раѓање.

Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе

„Деветорките се екстремно ретки и до раѓањето на децата на Цисе, не беа регистрирани случаи на девет родени бебиња одеднаш кои преживеале повеќе од неколку часа“ – пишуваат од организацијата за регистрирање рекорди.

Петте девојчиња и четирите момчиња го прославија првиот роденден во болницата каде што се родија. Парот има уште една поголема ќерка.

Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11261 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.