Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Неодоливи навивачи: Енрике Иглесијас и Ана Курникова со малите близначиња го следат СП

Неодоливи навивачи: Енрике Иглесијас и Ана Курникова со малите близначиња го следат СП

Енрике Иглесијас и Ана Курникова навиваат за различни тимови на Светското првенство во фудбал, а тоа го покажаа преку слатки фотографии со нивните близначиња Николас и Луси.

37-годишната поранешна тенисерка сподели фотографија со насмеаното дете и топка од првенството, а преку хаштаг откри дека навива за својата родна земја – Русија.

#Россия #worldcup2018 #GoRussia

A post shared by (@annakournikova) on

43-годишниот пејач пак објави фотографија направена за време на натпреварот помеѓу Шпанија и Португалија, со која откри дека е на страната на шпанската репрезентација.

#worldcup #spain #portugal

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on

Очигледно во семејството на Ана и Енрике редовно се гледа фудбал. Славниот музичар претходно имаше споделено фотографија на која ужива пред телевизорот со двете дечиња.

Ана и Енрике станаа родители во декември минатата година, по 16-годишна врска.

Енрике Иглесијас и Ана Курникова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11110 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.