Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Невозможно е да се замисли животот без нив“: Ванеса Брајант со трогателна порака по смртта на Коби и нивната ќерка Џиана

„Невозможно е да се замисли животот без нив“: Ванеса Брајант со трогателна порака по смртта на Коби и нивната ќерка Џиана

Ванеса Брајант е скршена поради ненадејната смрт на нејзиниот сакан Коби и ќерка им Џиана. Сопругата на легендарниот кошаркар ја објави првата порака по ужасната хеликоптерска несреќа заедно со нивна семејна фотографија.

Моите девојчиња и јас сакаме да им се заблагодариме на милионите луѓе кои ни дадоа поддршка и љубов за време на овој ужасен период. Ви благодариме за сите молитви. Дефинитивно ни требаат. Потполно сме скршени поради нанадејната загуба на мојот прекрасен сопруг, Коби – неверојатен татко на нашите деца, и мојата убава, слатка Џиана – добродушна, внимателна и прекрасна ќерка и неверојатна сестра на Наталија, Бјанка и Капри.

Ние исто така сме претажни за семејствата кои изгубија сакани личности во неделата и сочувствуваме со нивната тага.

Не постојат доволно зборови со кои може да се опише нашата болка во моментов. Ме утешува тоа што знам дека Коби и Џиџи знаеја дека беа многу сакани. Ние сме благословени што ги имавме во нашите животи. Посакувам да беа тука со нас засекогаш. Тие беа нашите прекрасни благослови кои ни беа одземени прерано.

Не знам какви ќе бидат нашите животи од денес и невозможно е да се замисли животот без нив. Но, се будиме секој ден, обидувајќи се да продолжиме напред, бидејќи Коби и нашата Џиџи ни го осветлуваат патот.

Нашата љубов за нив е бескрајна, и може да се каже неизмерна. Посакувам да можев да ги прегрнам, бакнам и да ги благословам. Да ги имаме тука со нас, засекогаш.

Брајант

Коби и Ванеса се сретнаа во 1999 година, кога тој имаше 20 години, а таа беше на 17-годишна возраст. Тие се родители и на три други девојчиња – Наталија, Бјанка и Капри.

Според информации кои ги споделуваат странските медиуми, тие имале договор никогаш да не патуваат заедно со хеликоптер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.