Почетна » Новости » Актуелно » „Болката е незамислива“: Ванеса Брајант проговори за тагата по загубата на Коби и ќерката Џиџи

„Болката е незамислива“: Ванеса Брајант проговори за тагата по загубата на Коби и ќерката Џиџи

Многу солзи беа пролеани по трагичната несреќа во која животите ги загубија Коби и Џиџи Брајант. Но, најголемата тага надвисна врз Ванеса Брајант, која остана без сопругот и саканата ќерка.

Речиси 14 месеци по трагедијата, Ванеса се отвори за болката која ѝ го крши срцето, но и за мотивацијата која ја поттикнува да гледа напред.

Брајант Брајант

„Не можам да речам дека сум силна секој ден. Не можам да речам дека нема денови во кои се чувствувам како да нема да преживеам до следниот ден... „Болката е незамислива, но мора да станеш и да туркаш напред. Лежењето и плачењето во кревет нема да го променат фактот дека моето семејство никогаш нема да биде како порано. Но, станувањето од кревет и одењето напред ќе го направи денот подобар за моите девојчиња и за мене. Па, тоа и го правам“ – вели таа за „People“.

Разбирливо, има моменти кога таа не може да ги крие интензивните емоции. „Моите очи и болката не можат да бидат филтрирани. Тие знаат дека мама има тешки денови, но кога ќе ги видам нивните лица кога ќе сфатат дека сум плачела, тоа ме освестува и ме тера да продолжам. Се обидувам да им надоместам со тоа што ќе ги насмеам за нешто... Секогаш пронаоѓајќи ја светлината во темнината“ – признава таа.

Брајант Брајант

По смртта на Коби и Џиџи, таа се фокусира на грижата за 18-годишната Наталија, 4-годишната Бјанка и 1-годишната Капри.

Семејството ѝ е најголема сила и Ванеса е категорична дека од нив доаѓа сè што ја крева на нозе. „Најдобриот начин да го опишам е дека Коби и Џиџи ме мотивираат да продолжам и да не застанувам. Тие ме инспирираат да се трудам повеќе и да бидам подобра секој ден. Нивната љубов е безусловна и тие ме мотивираат на многу различни начини... Моите девојчиња ми помагаат да се смеам низ болката. Тие ми даваат сила“ – изјави таа.

Брајант Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.