Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не беше лесен избор“: Алиса Милано сподели дека направила два абортуса зашто не била подготвена да биде мајка

„Не беше лесен избор“: Алиса Милано сподели дека направила два абортуса зашто не била подготвена да биде мајка

Алиса Милано отворено проговори за прекинувањето на две бремености во младоста и објасни зошто се решила на такви чекори.

46-годишната актерка од серијата „Волшебнички“ сподели дека направила два абортуса во 1993 година.

„Во тоа време, не бев подготвена да бидам мајка, па избрав да направам абортус. Јас избрав. Тоа беше мој избор. И тоа беше апсолутно правилниот избор за мене. Не беше лесен избор“ - рече Милано и раскажа дека тогаш била во сериозна врска и користела контрацептивни таблети.

Алиса Милано

„Бев заљубена за првпат, на зашеметувачки начин на каков што можеш да биде заљубен како си млад. Беше голема љубов, обземувачка. Тоа беше радосен, возбудлив и моќен период во мојот живот. Имав кариера и иднина и потенцијал“ - сподели таа.

Како дополнителни фактори кои придонеле за нејзината одлука да абортира било тоа што примала Accutane, лек против акни кој може да предизвика дефекти на плодот, како и тоа што имала анксиозност.

„Беше ужасно. Растена сум како католик и одеднаш бев ставена во конфликт со верата. Вера која започнав да сфаќам дека им дава сила само на мажите да ја донесуваат секоја одлука за тоа што е дозволено, а што не е“ - вели таа.

По абортусот, таа продолжила да ужива во сексуалната врска. „Сексуалното поврзување со мојот партнер ми пружеше задоволство. Одбивам да живеам во нарација дека сексуалното задоволство е за мажите и дека жените постојат да им го пружат тоа задоволство. Моето тело ми дава задоволство“ - споделува таа.

Иако редовно пиела контрацептивни таблети, само неколку месеци по првиот абортус, таа дознала дека пак е бремена и повторно решила да абортира.

„Направив сè што знаев за да спречам бременост, а сепак бев бремена, па повторно ја донесов правилната одлука да ја прекинам таа бременост“ - раскажува таа.

Алиса Милано

Милано, која 10 години е во брак со Дејвид Буглиари со кого има две деца, тврди дека воопшто не жали за тие одлуки.

„Немаше да ги имам моите деца – моите убави, совршени, љубезни и љубопитни деца кои имаат мајка која беше многу, многу подготвена за нив. Немаше да ја имам мојата кариера. Немаше да ја имам способноста или платформата за да се борам против опресијата со сето мое срце. Немаше да го сретнам мојот сопруг Дејвид, чија посветеност и неизмерна љубов ме одржува во овие тешки времиња. 15 години откако таа прва љубов ќе стивнеше, во мојот живот ќе недостасуваа сите тие големи радости. Немаше да бидам слободна да бидам себеси, а токму за тоа е оваа борба – за слобода. Слобода за жените да имаат смелост да бидат еднакви сексуални суштества со мажите. Слобода за жените да живеат живот кој сакаат да го имаат, не само живот кој им е наметнат од бременост“ - завршува таа.

Алиса Милано

Алиса е гласен противник на рестриктивните закони за абортус кои во изминатиов период беа донесени во повеќе сојузни држави во САД.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.