Откако откри дека е бремена, Ријана постојано се појавува во јавност во стајлинзи кои го разголуваат нејзиното трудничко стомаче.
33-годишната пејачка беше фотографирана додека се упатуваше на вечера во Лос Анџелес, а нејзината смела модна комбинација наиде на поделени коментари од кои голем дел беа негативни.

„Навистина треба да инвестира во огледало“, „Стави малку облека на тебе“, „Грозно, каков хаос е“ и „Ох не, ова е грозно. Нарцис“ – се дел од негативните коментари.
Бидејќи славните личности честопати се обвинувани за „лажни бремености“, еден коментар вели: „Можеби таа го прави ова за никој да не ја обвинува дека има лажен труднички стомак“.
„Прекрасна е“, „Ја има трудничката насмевка“ и „Го обожавам ова. Горда на стомачето“ – пишуваат нејзините фанови на Instagram.










Како ви се допаѓа вам изгледот на Ријана?