Мајкл Бубле го објави новиот спот со кој откри слатка семејна тајна.
Во видеозаписот за „I'll Never Not Love You“, 46-годишниот пејач и неговата сакана Луисана Лопилато пресоздаваат сцени од познати филмови. На крајот, ѕвездата од „Млади бунтовници“ се појавува со пораснато стомаче, споделувајќи дека е бремена со нивното четврто дете.
ВИДЕО:
Лопилато објави фамилијарни фотографии од планина и им потврди на фановите дека е во блажена состојба со пораката: „Упс, го направивме повторно... Бебе на пат“.

