Џесика Алба пронајде нова љубов. Холивудската убавица е во врска со Дени Рамирез и веќе не го крие тоа од јавноста.
44-годишната ѕвезда и 32-годишниот актер беа уловени од папараците додека заедно си заминуваа по вечерно излегување, а на фотографиите изгледаат како срамежливи тинејџери.







Алба, која на почетокот на годинава објави дека се разведува, пред неколку недели беше и на одмор со Рамирез во Мексико.

Џесика во јануари стави крај на 16-годишниот брак со Кеш Ворен со кого има три деца – ќерките Хевен и Хонор и синот Хејз.
