Почетна » Новости » Животни стории » Најрано роденото бебе во светот кое тежело 285 грама прослави роденден и влезе во Гинис

Најрано роденото бебе во светот кое тежело 285 грама прослави роденден и влезе во Гинис

Бебенцето кое ги надмина прогнозите на докторите и преживеа иако се роди месеци предвреме го прослави својот прв роденден и влезе во Гинис.

Малиот Неш се родил во 21. гестациска недела и тежел само 285 грама, па докторите ги подготвувале родители за најлошото. Бебенцето било долго само 24 сантиметри и го собирало во една дланка. Но, минијатурниот херој покажал огромна желба да живее и благодарение на одличната медицинска грижа, сега секојдневно ги радува неговите родители.

Мајката Моли ги опиша првите денови по породувањето како „магла од страв, неизвесност и надеж“.

Неш Неш

Докторот Патрик МекНамара, кој бил задолжен за малото бебе, се присетил: „Јасно се сеќавам на разговорот со родителите кога им реков дека шансите за преживување му се 0%. Кога никогаш не си имал некој кој преживеал на 21 недела, тоа е она што го кажуваат податоците на таа гестациска возраст“.

Еден од најмоќните моменти за Моли била првата прегратка со Неш. „Беше толку мал што едвај го чувствував на градите. Беше прекриен со жици и апаратчиња за следење и имав многу трема... но во моментот кога ми го ставија на градите, сите стравови и грижи исчезнаа. Долго време чекав за тој контакт кожа на кожа, да бидам попрецизна точно три недели, и тоа ми донесе истовремено огромно олеснување и љубов“ – рекла таа.

Неш

Неш ги поминал првите шест месеци од животот на болница пред да си замине дома.

Со тоа што се роди 133 дена пред терминот, Неш влезе во Гинисовата книга на рекордите како најпрематурното бебе кое преживеало.

Неш

Првиот роденден Неш го прослави на 5 јули со најблиското семејство. Иако бебенцето сè уште е на кислородна поддршка и се храни преку цевка, тоа одлично напредува на огромна радост на родителите.

„Нереално е. Пред една година не бевме сигурни што ќе ни носи иднината, а сега го прославивме неговиот прв роденден“ – рекла среќната мајка.

Со споделувањето на сторијата за Неш, родители целат да ги охрабрат другите родители кои се во иста или слична ситуација.

Неш Неш

„Не сакаме да бидеме во центарот на вниманието, не сме таков тип на луѓе. Но, сметавме дека е важно да ја раскажеме приказната на Неш. Сакаме да им влееме надеж на други семејства кои одат по тешки медицински патишта и да им покажеме што е возможно дури и во најнеизвесните околности“ – вели Моли.

Неш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.