Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Луисана Лопилато за првпат фотографирана со семејството откако објави дека нејзиниот син напредува во борбата со ракот

Луисана Лопилато за првпат фотографирана со семејството откако објави дека нејзиниот син напредува во борбата со ракот

Луисана Лопилато со семејството неколку месеци престојуваше во САД, каде нејзиниот мал син Ноа се лекуваше од рак на црниот дроб. Вчера, 29-годишната актерка се врати со најблиските во родната Аргентина. Семејството беше фотографирано на аеродромот во Буенос Аирес.

Додека внимателно ја туркаше количката со малиот син Елијас, Лопилато им се заблагодари на новинарите и им рече дека нема да го коментира овој приватен момент од нивниот живот.

Луисана со помалиот син ЕлијасЛуисана со помалиот син Елијас Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Малиот Ноа, кој патуваше со Дарио, братот на Луисана, не беше фотографиран. Дарио изјавил дека е пресреќен што со внуците се враќа дома.

Дарио со малиот НоаДарио со малиот Ноа

Минатиот месец Луисана и Мајкл Бубле споделија дека нивниот син напредува многу добро во борбата со ужасната болест.

„Со голема благодарност ве известуваме дека нашиот син Ноа напредува добро за време на лекувањето и докторите се многу оптимистички настроени за иднината на нашето мало момче.“

„Тој беше храбар во секој момент, а ние и понатаму сме инспирирани од неговата храброст. Му благодариме на Бог за силата којашто ни ја даде на сите нас. Нашата благодарност до докторите и негувателите не може да се опише со зборови.“

„Сакаме да им се заблагодариме на илјадниците луѓе кои ни ги испратија нивните молитви и убави желби. Додека го продолжуваме ова патување, многу нè утешува вашата поддршка и љубов“ – се велеше во нивното соопштение за јавноста.

По страшната дијагноза, ѕвездата од „Млади бунтовници“ и познатиот музичар ги ставија своите кариери на пауза и целосно се посветија на семејството.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.