Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Баладата на Мајкл Бубле посветена на бремената Луисана Лопилато

ВИДЕО: Баладата на Мајкл Бубле посветена на бремената Луисана Лопилато

Мајкл Бубле го објави спотот за баладата која ѝ ја посвети на својата бремена сопруга Луисана Лопилато.

Во видеото за песната „Close Your Eyes“, 37-годишниот Канаѓанец пее пред голем екран на кој се прикажуваат снимки од среќни парови. Спотот завршува со насмеаната Лопилато на свадбениот ден.

Бубле изјавил дека песната и спотот се за силата на жените и за тоа колку мажите зависат од нив. „А луѓето ги сметаат жените за послабиот пол. Колку будалесто е тоа?“ – изјавил Мајкл.

Мајкл и Луисана, кај нас позната по серијата „Млади бунтовници“, се запознаа во ноември 2008 година, кога познатиот пејач признал дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна тој ја побарал нејзината рака, а во март 2011 година тие стапија во брак.

На почетокот на годинава објавија дека го очекуваат своето прво дете.

Луисана и Мајкл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.