Ана Михајловски, позната по својата храброст да зборува за општествено чувствителни теми, го привлече вниманието на јавноста со необично, но моќно видео. На прв поглед, изгледа како рецензија на козметички производ, но вознемирувачката позадина го преобликува видеото во силна општествена и морална порака.
Српската водителка зборува за нова маскара која штотуку ѝ пристигнала. Со интонација типична за инфлуенсерски туторијал, таа ентузијастички раскажува за нејзините ефекти: „Трепките изгледаат здраво, го отвора окото, ефектот е неверојатен“. А во позадина, се прикажуваат реални снимки од експлозии од воени конфликти како во појасот Газа.
@ana_mihajlovski_ ♬ original sound - Ćutanje nije zlato
Комбинацијата е потресна и секој би се замислил, а под видеото, Ана напиша: „Друштвени мрежи, 2025.“. Кратката изјава е доволна за да ја пренесе суштината на времето во кое живееме.
Моќната објава предизвика бура од реакции. Не стивнуваат пораките на поддршка и восхит: „Секоја чест, Ана“, „Ова е болно точно“, „Видеото совршено го отсликува парадоксот на нашето време“ – се само дел од коментарите.

За да ги стиши негативните коментари дека видеото е напад на инфлуенсерите, Ана појаснува која ѝ е целта:
„Ова видео има за цел подигнување на свеста за хуманитарните кризи и вооружените конфликти ширум светот. Содржината не е насочена против кои било личности, групи или заедници, нити има за цел прозивање на поединци. Целта е информирање, емпатија и поттикнување на дијалог за важните глобални и домашни теми.“