Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Линдзи Лохан е богаташка која вистински се вљубува пред Божиќ во трејлерот за новиот филм „Falling for Christmas“

Линдзи Лохан е богаташка која вистински се вљубува пред Божиќ во трејлерот за новиот филм „Falling for Christmas“

Никогаш не е прерано за филм кој ја буди божиќната вонвременска магија.

„Falling for Christmas“ е најновото филмско остварување на 36-годишната актерка Линдзи Лохан.

Овој пат таа толкува улога на ќерка на хотелски магнат, која не сака во јавноста да биде запомнета само по презимето на татко ѝ. Само што ќе се вери со момчето, ќе доживее несреќа на зимување. Во болница ѝ дијагностицираат амнезија, а додека закрепнува и се обидува да се сети која е за неа се грижат згоден сопственик на пансион и неговата ќерка. „Falling for Christmas“ е колоритен филм кој ќе ја насмее публиката.

Животот на Линдзи Лохан на филмското платно ѝ го спасува Корд Оверстрит. Останатите улоги ги толкуваат Џорџ Јанг, Џек Вагнер и Оливија Перез. Режисер на филмот е Јанин Дамјан.

Погледнете го трејлерот на филмот, чија премиера е закажана на Нетфликс на 10 ноември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26513 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.