Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лиз Харли го откачила љубовникот, бара прошка од сопругот

Лиз Харли го откачила љубовникот, бара прошка од сопругот

Љубовниот живот на Елизабет Харли се најде во центарот на вниманието на медиумите откако беше објавена фотографија на која јасно се гледа како таа се бакнува со австралискиот крикет играч Шејн Ворн.

Веднаш по случката нејзиниот сопруг побарал брз развод. Но, сега Лиз е вмешана во нов скандал.

Елизабет Харли и Шејн ВорнЕлизабет Харли и Шејн Ворн фотографирани во јули на трка со коњи

45-годишната актерка го откачила Шејн затоа што пронашла околу 100 секс пораки кои тој ѝ ги испраќал на друга мажена жена, Адел Анџелери, која имала фирма спроти неговата канцеларија.

Пораките ги открил сопругот на Адел и странските медиуми веќе објавија дел од нив, но 40-годишната Адел тврди дека никогаш немале физичка врска со Шејн.

Шејн не сакал да ги коментира случувањата, но на Twitter напишал: „Сите сме детинести и незрели понекогаш“.

Во меѓувреме, британскиот The Sun пишува дека Елизабет Харли му се извинила на сопругот и побарала од него да ѝ прости, но тоа било залудно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.