Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 56-годишната Елизабет Харли блесна во розово на добротворен настан посветен на ракот на дојка

56-годишната Елизабет Харли блесна во розово на добротворен настан посветен на ракот на дојка

Елизабет Харли посветено се залага за подигнување на свеста за ракот на дојка и несебично донира средства за истражувања поврзани со оваа болест.

56-годишната актерка беше меѓу гостите на добротворниот настан на Фондацијата за истражувања за ракот на дојка во Њујорк. Елизабет совршено се вклопи во темата на забавата Hot Pink, избирајќи блескав розов фустан кој ја истакна нејзината фигура.

Елизабет Харли Елизабет Харли Елизабет Харли Елизабет Харли Елизабет Харли Елизабет Харли

Славната Британка ја подигнува свеста кај жените за важноста на редовните самопрегледи и помага за собирање средства за истражувања уште од 1995 година. Таа вели дека ова е многу лично за неа, бидејќи ја изгубила баба си како последица на болеста.

„На баба ми ѝ беше дијагностициран рак на дојка во нејзините доцни 70-ти години, во време кога жените не зборуваа отворено за болеста и премногу од нив тивко страдаа. Немаше розова панделка, немаше покриеност од медиумите и многу малку се знаеше за тоа. Всушност и мојата баба го криеше од нас ракот на дојка и ние не знаевме дека го има додека не беше предоцна“ – рекла Харли во интервју.

Елизабет Харли Елизабет Харли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11193 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.