Почетна » Новости » Животни стории » Љубов, пожртвуваност и храброст: Моќни фотографии на мајка која морала да си ги отстрани дојките поради висок ризик од рак

Љубов, пожртвуваност и храброст: Моќни фотографии на мајка која морала да си ги отстрани дојките поради висок ризик од рак

Понекогаш, луѓето се принудени да преземаат драстични мерки за да се заштитат од кобната болест наречена рак.

Откако Ники Флорс ја изгубила мајка си како последица на рак на дојка, открила дека и самата има генетски мутации кои ја зголемуваат веројатноста и таа да ја добие истата форма на рак. Поради тоа, смело одлучила да ги отстрани своите дојки и покрај тоа што тие претставувале нешто скапоцено за неа.

Имено, Ники ексклузивно ги доела своите близнаци до 6 месеци, а потоа продолжила да ги дои и по нивниот прв роденден. Секој нејзин успех, таа го овековечувала со фотосесија кај фотографката Џејд Бил, која подоцна ги споделила нејзините моќни фотографии, покажувајќи што значи мајчинска љубов, пожртвуваност и храброст.

Ники

Мојата муза, мојата прекрасна Ники и нејзините близнаци. Првиот пат кога ја фотографирав Ники, со фотосесија славевме 6 месеци од доењето на нејзините близнаци во тандем. Беше многу топол ден и кога ја отворив вратата од моето студио за да ѝ посакам добредојде на Ники, можев да прочитам од нејзините очи дека не беше баш сигурна што бара на мојот праг. Исто така, можев да видам дека таа имаше потреба да прослави за себе и за нејзиниот напор ексклузивно да дои близнаци во момент кога се чувствуваше далеку од најубава во нејзиното тело.

Ники се врати кај мене по шест месеци, кога близнаците имаа 1 година за да го документира своето патување што сè уште ги доеше близнаците. Овој пат, таа се чувствуваше уште понеудобно во нејзиното тело и ми рече дека уште повеќе се здебелила. Сепак, беше 100% порелаксирана во фотосесијата и нејзината самодоверба беше неспорна. Иако чувствуваше конфликт со нејзиното тело, таа се носеше со нејзината МОЌ и тоа беше многу УБАВО.

По втората фотосесија, мајката на Ники почина по долгогодишна битка со ракот на дојка. Подоцна, Ники дозна дека има генетски мутации, кои во комбинација со историјата со рак на дојка на мајка ѝ, ја зголемуваат шансата и кај неа да се појави рак на дојка. Ники одлучи да направи нешто кое мајка ѝ не го направи сè до нејзината трета битка со ракот и си ги отстрани двете дојки. Нејзините дојки: изворот на утеха и храна на нејзините 3 деца и изворот на нејзиното чувство дека е убава и секси.

Откако ја изгуби мајка си и си направи мастектомија и си стави импланти, Ники одлично напредува, иако тагата никогаш не исчезнува само се претвора во мудрост, уметност и солзи. Последната фотографија ги прикажува нејзините лузни на воин.

Многу сум благодарна што Ники е моќен потсетник дека нашето тело постојано се менува и дека таа промена е света, бидејќи ако се менуваме, значи дека сме ЖИВИ!

Ники Ники Ники

Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка и за истакнување на важноста на редовните прегледи и раната детекција.

Ники

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11079 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.