Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли ги отстрани двете дојки поради висок ризик од рак

Анџелина Џоли ги отстрани двете дојки поради висок ризик од рак

Анџелина Џоли направи храбар чекор и превентивно ги отстрани двете дојки откако генетски тестови покажале дека е голема веројатноста да заболи од рак. Во текст за The New York Times, 37-годишната актерка открила дека направила двојна мастектомија бидејќи постоел 87% ризик да заболи од рак на градите.

Џоли опишала како нејзината мајка Маршелин Бертран починала по десетгодишна борба со ракот и споделила дека не сака нејзините деца да останат без родител.

Анџелина со мајка си МаршелинАнџелина со мајка си Маршелин

Познатата хуманитарка ја раскажала својата приказна за да им помогне на што повеќе жени.

Мојата мајка се бореше со рак речиси цела деценија и почина на 56 години. Се држеше доволно долго за да ги запознае првите од нејзините внучиња и да ги држи во рацете. Но, другите мои деца никогаш немаа можност да ја запознаат и да искусат колку таа беше мила и полна со љубов.

Често зборуваме за „мама на мама“ и се наоѓам во ситуација да ја објаснувам болеста која ни ја зеде. Тие ме имаат прашано дали истото може да ми се случи и мене. Секогаш им кажував да не се грижат, но вистината е дека го носам мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот од развој на рак на гради и рак на јајниците.

Моите доктори проценија дека имам 87% ризик од рак на гради и 50% ризик од рак на јајници, иако ризикот е различен кај секоја жена. Само мал дел од случаите на рак на гради се резултат на наследена генетска мутација. Лицата со дефект во BRCA1 во просек имаат 65% ризик да заболат.

Откако дознав која е мојата реалност, одлучив да бидам проактивна и да го минимизирам ризикот колку што можам повеќе. Донесов одлука да направам превентивна двојна мастектомија. Започнав од градите, затоа што ризикот од рак на градите кај мене е многу повисок отколку ризикот од развој на рак на јајниците и затоа што операцијата е многу сложена.

На 27 април ги завршив тримесечните медицински процедури кои ги вклучува мастектомијата. Во тоа време имав можност да ја зачувам приватноста за ова и да продолжам со мојата работа.

Но, сега пишувам за тоа зашто се надевам дека другите жени може да имаат корист од моето искуство. Рак е сè уште збор којшто раѓа страв во срцата на луѓето, произведувајќи длабоко чувство на немоќ. Но, денес е возможно да откриеш преку тест на крвта дали си многу склон кон рак на градите и јајниците и потоа да преземеш дејствија.

(Џоли во текстот ги опишува неколкуте фази од мастектомијата, која резултирала со отстранување на градите и нивна реконструкција со импланти)

Сакав да го напишам ова за да им кажам на другите жени дека не беше лесно донесувањето на одлуката да си направам мастектомија. Но, многу сум среќна што ја донесов. Моите шанси за развој на рак на гради паднаа од 87% на под 5%. Можам да им кажам на моите деца дека нема потреба да се плашат дека ќе ме загубат од рак на гради.

Охрабрувачки е што тие не гледаат нешто што ги прави да се чувствуваат непријатно. Тие можат да ги видат моите мали лузни и толку. Сè друго е само Мама, иста како што била секогаш. И тие знаат дека ги сакам и дека ќе направам сè за да бидам со нив колку што можам подолго.

Среќна сум што имам партнер, Бред Пит, кој е толку полн со љубов и ме поддржува. Па, до сите кои имаат жена или девојка која минува низ ова, знајте дека сте многу важен дел од транзицијата. Бред беше во Pink Lotus Breast Center, каде бев лекувана, секоја минута од операцијата. Успеавме да пронајдеме моменти да се смееме. Знаевме дека ова е правилното нешто за нашето семејство и дека тоа ќе нè зближи. И така беше.

За секоја жена која го чита ова, се надевам дека ви помага што знаете дека имате опции. Сакам да ја охрабрам секоја жена, особено ако имате фамилијарна историја на рак на гради или јајници, да ги побарате информациите и медицинските експерти кои можат да ви помогнат да поминете низ овој аспект од животот и да направите информиран избор.

Постојат многу прекрасни холистички доктори кои работат на алтернативи на операција. Мојот режим ќе биде објавен наскоро на веб сајтот на Pink Lotus Breast Center. Се надевам дека ова ќе им биде од помош на други жени.

Ракот на гради сам убива околу 458.000 луѓе секоја година, според Светската здравствена организација, главно во земји со ниски до средни приходи. Мора да биде приоритет да им се овозможи на повеќе жени пристап до генетско тестирање и животоспасувачки превентивен третман, без разлика колку средства имаат тие и какво е нивното потекло, без разлика каде живеат. Цената за тестирање за BRCA1 и BRCA2, при повеќе од 3.000 долари во САД, останува пречка за многу жени.

Избрав да не ја чувам мојата приказна приватна, затоа што има многу жени кои не знаат дека е можно да живеат под сенката на ракот. Се надевам дека и тие ќе имаат можност да си направат генетско тестирање и дека ако имаат висок ризик, и тие ќе знаат дека имаат силни опции.

Животот доаѓа со многу предизвици. Оние кои не би требало да нè плашат се оние со кои можеме да се соочиме и да ги контролираме.

Автор: Анџелина Џоли

ЏолиЏоли во февруари на доделувањето на наградите на Американското здружение на кинематографи ЏолиЏоли на хуманитарна мисија во Конго во март ЏолиЏоли на хуманитарна мисија во Руанда во март ЏолиЏоли на самитот Women in the World во Њујорк на 5 април Џоли Џоли и Бред ПитЏоли со својот партнер Бред Пит БранџелинаСемејството Бранџелина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.