Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елизабет Харли се вери со Шејн Ворн

Елизабет Харли се вери со Шејн Ворн

Не помина ни една година од нејзиниот развод, а Елизабет Харли е убедена дека го пронашла вистинскиот и е подготвена повторно да заплива во брачните води.

За време на изминатиов викенд Елизабет Харли и Шејн Ворн ја потврдија веста за нивната свршувачка. „Благодарам за честитките“ – напишаа тие на Twitter.

Елизабет и ШејнЕлизабет и Шејн

Само еден ден подоцна, австралискиот крикет играч повторно им се обрати на неговите следбеници на социјалната мрежа за да ги демантира гласините дека свршувачката се случила пред очите на 200 гости.

„Не ѝ предложив брак на вечера пред 200 гости. Го направив тоа приватно и беше многу романтично“ – објаснил Ворн.

Елизабет и ШејнЕлизабет со Шејн и нејзиниот син

Веднаш по објавувањето на веста за свршувачката, папараците го „уловија“ вереничкиот прстен на Харли, кој е украсен со голем сафир и два дијаманта.

Свршеничкиот прстен на ЕлизабетСвршеничкиот прстен на Елизабет

46-годишната актерка се запознала со Ворн во јули минатата година. Во декември беше објавена фотографија на која тие се бакнуваат, иако во тоа време Харли сè уште беше во брак со бизнисменот Арун Најар. По тој настан, Харли објави дека се разведува.

Разводот на Лиз беше финализиран во јуни оваа година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.