Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елизабет Харли доби улога во „Gossip Girl“

Елизабет Харли доби улога во „Gossip Girl“

„Gossip Girl“ наесен ќе се врати со уште едно познато лице во својата екипа. Англиската актерка Елизабет Харли ќе го растресе животот на главните херои во серијата, а дури и ќе повлијае на самата „Gossip Girl“.

Елизабет Харли

46-годишната актерка ќе влезе во улогата на моќен медиумски могул, портретиран преку ликот на Дајана Пејн.

„Влегувањето на Дајана во Upper East Side ќе ги промени животите на сите наши ликови – вклучително и особено на самата „Gossip Girl““ – изјавиле продуцентите на серијата.

„Чувството за хумор, интелигенцијата и убавината на Елизабет се вклопуваат совршено во светот на „Gossip Girl“. Се чувствуваме среќни што ќе соработуваме со неа“ – додале тие.

Уште се знае и дека француската актерка Роксен Мескида ќе биде сестрата на принцот на Блер, којашто ќе се обиде да ја уништи кралската свадба на амбициозната г-ца Волдорф.

Како што беше најавено претходно, Тејлор Момсен и Џесика Зор веќе нема да бидат дел од популарната серија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.