Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага: „Татко ми мислел дека сум луда“

Лејди Гага: „Татко ми мислел дека сум луда“

Лејди Гага

Необичните, понекогаш и екстремни настапи на младата пејачка Гага кај некои луѓе оставија впечаток дека нејзиниот разум ја напушта. Тоа се случило дури и со нејзиниот татко. Лејди Гага призна дека нејзиниот татко мислел дека таа е ментално нестабилна кога за прв пат ја видел на настап во живо.

Ексцентричната пејачка, чие вистинско име е Стефани Германота, во интервју на Барбара Волтерс откри дека татко ѝ не сакал да зборува со неа откако ги видел нејзините „лудории“ на сцената.

„Не беше лесно за него, особено во почетокот. Откако првиот пат ме виде како настапувам, не зборувавме неколку месеци и мајка ми ми кажа дека мислел дека сум ментално нестабилна.“ – призна Лејди Гага.

Сега нејзините односи со татко ѝ се подобруваат. Таа напиша и песна која му ја посвети него („Speechless“).

Во истото интервју Гага отворено призна и дека имала сексуални односи со жена.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12029 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.