Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Крис Браун: Мојата песна ја расплака Ријана

Крис Браун: Мојата песна ја расплака Ријана

Крис Браун

Иако Ријана тврдеше дека не ја слуша музиката на своето бившо момче Крис Браун, сега тој изјави дека тоа не е вистина.

За ABC News, Браун откри дека ѝ ја отсвирил на Ријана песната „Changed Man“ (Изменет човек) и дека тоа ја расплакало младата пејачка.

„Не сакам да ја наречам лажга или нешто слично. Ја исвирив песната само за неа, уште кога ја напишав, еден месец после инцидентот и таа се расплака.“

Оваа песна е дел од новиот албум на Браун „Graffiti“ и во неа се вели „ќе му покажам на светот дека сум изменет човек, затоа што ми значиш премногу.“

Неодамна Ријана за прв пат зборуваше во јавноста за трагичниот инцидент, во кој беше претепана токму од човекот кој сега тврди дека се променил заради неа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10622 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.