Констракта ја внесе Србија меѓу најсилните фаворити за освојување на евровизискиот трофеј, па нејзината појава на отворањето на манифестацијата привлече големо внимание.
Српската кантавторка, чие вистинско име е Ана Ѓуриќ, зачекори на тиркизниот тепих во светла комбинација со ниски балетанки. Нејзината шапка многумина ги потсети на стајлинг на Меган Маркл, особено затоа што првите стихови од нејзината евровизиска песна се однесуваат токму на Војвотката од Сасекс.



#konstrakta #Eurovision #ESC2022 #turquoisecarpet pic.twitter.com/vFeob2hzdo
— (@bloodyroyalguy) May 8, 2022
ALL HAIL QUEEN KONSTRAKTA #Eurovision pic.twitter.com/dmaJipicyS
— Florin (@runtothehillsz) May 8, 2022
За споменувањето на Меган во песната, таа вели: „Меган Маркл не е многу важна во овој случај, но таа ги претставува сите тие луѓе во медиумите на кои се фокусираме. Ме нема контактирано досега, но би сакала да ја слушне песната. Ова е песна за атмосферата во која живееме, која го става здравјето како највисока вредност.“
Погледнете и видео кое прикажува како ќе изгледа и звучи Констракта со „In corpore sano“ на 12 мај во Торино.


