Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Евровизискиот настап на српската претставничка Констракта

ВИДЕО: Евровизискиот настап на српската претставничка Констракта

Констракта со својата необична песна „In Corpore Sano“ ја освојува евровизиската публика.

Српската музичарка настапи трета по ред во втората полуфинална вечер и е единствената натпреварувачка која пее на својот мајчин јазик.

Талентираната пејачка, чие вистинско име е Ана Ѓуриќ, се претстави во салата „Пала Олимпико“ во бела комбинација додека нејзините придружници беа облечени во црно за подраматичен визуелен ефект.

Текстот на песната е на самата Констракта, која за музиката соработуваше со Милован Бошковиќ.

Настапот на Констракта

Со оглед на тоа што српската претставничка е меѓу фаворитите годинава, се очекува да ѝ обезбеди на Србија пласман во големото финале.

Констракта Констракта Констракта Констракта

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10619 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.