Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Андреа за малку не влезе во финалето на Евровизија, еве кој гласаше за нас и на кои земји им ги дадовме гласовите

Андреа за малку не влезе во финалето на Евровизија, еве кој гласаше за нас и на кои земји им ги дадовме гласовите

Македонија беше многу блиску до пласман во финалето на Евровизија. По објавувањето на деталното гласање од полуфиналето, стана јасно дека Андреа Коевска беше рангирана на 11. место, а само првите десет од листата добија „зелено светло“ за премин во финалната фаза од музичкото натпреварување.

Евровизија Евровизија

За настапот на Андреа со „Circles“, најмногу поени од публика добивме од Црна Гора (10), а кога станува збор за жири-комисиите, најмногу поени ни додели Германија (12).

Македонија имаше вкупно 76 поени додека над нас заврши Азербејџан, кој влезе во финалето со вкупно 96 поени, од кои сите добиени од жирија, а ниту еден од публика.

Кои земји гласаа за нас во полуфиналето?

Евровизија Евровизија

Како гласаше Македонија во финалето?

Македонската публика максимален број на бодови ѝ додели на Констракта од Србија додека македонското жири со 12 бода ја награди Шанел од Шпанија.

Евровизија Евровизија Евровизија

Во големото финале во Торино, победи Калуш оркестар од Украина со „Stefania“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.