Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Украина ПОБЕДИ на Евровизија, Србија стигна до 5. место

Украина ПОБЕДИ на Евровизија, Србија стигна до 5. место

Украина триумфира на Евровизија 2022. Хип хоп бендот Калуш оркестар со песната „Stefania“ освои најмногу гласови и изби на првото место.

Групата, која комбинира етнички мотиви со модерни звуци користејќи различни фолк инструменти, со 631 поен стигна до трофејот на музичкиот спектакл. Со оглед на тоа што нивната татковина е цел на руска воена инвазија, популарните музичари не ја пропуштија можноста да испратат порака до цел свет.

„Ве молам помогнете ѝ на Украина, Мариупол. Помогнете му на Азовстал сега“ – апелираше водечкиот пејач Олех по нивниот настап во „Пала Олимпико“ во Торино.

Украина уште од стартот беше силен фаворит за победа. Од жиријата, Калуш оркестар доби 192 поени, а од публиката неверојатни 439 поени.

„Слава на Украина“ – извика Олех откако го прими трофејот.

Видео од победничкиот настап на Украинците

Од регионов, најдобар резултат постигна Србија. Констракта, која крена голема врева со „In Corpore Sano“, ја однесе својата земја на 5. место. Српската музичарка, чие вистинско име е Ана Ѓуриќ, од жиријата доби 87 поени, а од публиката дополнителни 225 поени, за вкупен резултат од 312.

Србија од Македонија прими 10 поени од жирито и 12 од публиката.

Настапот на Констракта во финалето

Евровизија

Македонија на годинешната Евровизија беше претставувана од Андреа, која настапи во втората полуфинална со песната „Circles“, но не успеа да се пласира во финалето.

Проследете ја дискусијата на Фемина Форум: Евровизија 2022

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.