Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Евровизиски скандал: Андреа го фрли на земја македонското знаме, МРТ ја осуди и се размислува за нејзино повлекување

Евровизиски скандал: Андреа го фрли на земја македонското знаме, МРТ ја осуди и се размислува за нејзино повлекување

И годинава учеството на Македонија на Евровизија не поминува без скандал.

Нашата претставничка Андреа со голема грешка го доведе под знак прашалник настапот во Торино. Имено, на денешното свечено отворање на манифестацијата, таа позираше на тиркизниот тепих со македонското знаме, но понесена од еуфоријата, во еден момент го фрли знамето на земја.

Видео

По острите критики од јавноста, се огласи и МРТ со осуда и соопшти дека размислува за повлекување на младата пејачка од музичкиот спектакл. Нивното соопштение го пренесуваме во целост:

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.

Андреа беше планирано да настапи во втората полуфинална вечер на 12 мај.

Андреа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.