Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Андреа се извини по скандалот со знамето: „Делегацијата беше далеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето“

Андреа се извини по скандалот со знамето: „Делегацијата беше далеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето“

Откако се слеаја илјадници критики за нејзината постапка на отворањето на Евровизија, Андреа се извини и порача дека се надева да продолжиме со евровизиското патување со позитива.

Младата пејачка е масовно критикувана откако го фрли македонското знаме додека позираше на тиркизниот тепих, а еве го нејзиното појаснување и извинувањето:

Видео

Сакам да направам една кратка изјава од отворањето, затоа што видов што се пишува по медиумите и едноставно не ми се верува, затоа што последниве неколку дена единственото нешто што го правев е гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.

Но, во момент каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше стварно навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза, затоа што јас сум горда што доаѓам од тука, затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова...

Навистина сум тука за да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива. Тука сме да уживаме, тука сме да делиме страст и се надевам дека можеме така да поминеме.

Не ми беше никаква намера да навредам некој. Ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека можеме навистина да поминеме со ова.

МРТ најостро ја осуди постапката и соопшти дека размислува за повлекување на младата пејачка од музичкиот спектакл.

Скандалозниот момент

Андреа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.