Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ким Кардашијан сними фотосесија како Џеки Кенеди со малата Норт, доби бран критики

Ким Кардашијан сними фотосесија како Џеки Кенеди со малата Норт, доби бран критики

Ким Кардашијан за момент влезе во улогата на Џеки Кенеди и сними фотосесија заедно со ќерка си Норт за „Interview“.

Познатото списание и 36-годишната реалити ѕвезда добија бран критики за овој потег. Обожавателите на поранешната прва дама на САД остро го осудија списанието за фотосесијата насловена „Новата прва дама на Америка“.

Фотосесија за Interview

„Смешно е што ја нарекувате Ким прва дама. Таа никогаш не би можела да биде Мишел Обама или Џеки Кенеди. По ѓаволите, таа едвај е Мерилин.“

„Нова прва дама?!?! Првата дама никогаш не би ги поставила своите голи или полуголи фотографии на интернет.“

„Ти НИКОГАШ нема да можеш да бидеш прекрасната Жаклин Кенеди Оназис. НИКОГАШ!“

„Што по ѓаволите? Ким нема никаква врска со историјата или почит кон сегашната прва дама. Таа е срам за САД.“

„Џеки Кенеди се превртува во својот гроб моментално.“ – стои во коментарите на Twitter.

Фотосесија за Interview

Корисниците на социјалните мрежи не пропуштија и да дадат свое мислење во однос на бојата на кожата на Ким, која на фотографиите е потемнета за да биде иста како на нејзината 4-годишна ќерка.

„Наместо да го искористат ова како начин да покажат дека ние сме расно различни, но сепак сме едно, тие го потемнија тенот на Ким за да договара на тенот на нејзината ќерка“ – пишува еден од корисниците на Twitter.

Фотосесија за Interview Фотосесија за Interview Фотосесија за Interview Фотосесија за Interview Фотосесија за Interview Фотосесија за Interview Фотосесија за Interview Фотосесија за Interview Фотосесија за Interview

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.