Почетна » Убавина и мода » Мода » Модни икони: Џеки Кенеди

Модни икони: Џеки Кенеди

Рафинирана елеганција, завидна грациозност, револуционерен стил, инспиративна смисла за мода – Жаклин Кенеди Оназис е ултимативна стилска легенда и симбол на новата ера на културна софистицираност во Белата куќа.

Џеки Кенеди Џеки Кенеди

Препознатливата силуета на „првата дама на стилот“ е изградена од класични женски костуми со беспрекорен крој и шик фустани без ракави и со А-линија. Додека ја носи титулата „прва дама“, карактеристични елементи во стилот на Џеки се ракавиците до лактите, ѓердани со три реда бисери и „пилбокс“ шапките, а подоцна во својот стил таа ги инкорпорира волуменозните очила, марамите и кафтаните. Живеејќи како во бајка за време на трите години во Белата куќа, таа стана икона на стилот и софистицираноста на 60-тите години во Америка.

Воедно 60-тите години се и години на промени, на транзиција од неудобно облекување во облекување за комфор, а Џеки одигрува огромна улога во тој преод. Политиката никогаш не била толку модерна како во времето на Жаклин и денес нејзиното име е поим за перфектната прва дама.

Сметајќи ја Одри Хепберн за свој идол, Џеки го шармира светот како млада, гламурозна, достоинствена сопруга на Џон Ф. Кенеди која восхитува со француска елеганција и стил кој е многупати копиран од фановите и дизајнерите.

Џеки Кенеди

Најценетата прва дама на сите времиња е родена како Жаклин Ли Бувие на 28 јули 1929 година во Саутемптон, Њујорк. Може слободно да се каже дека Џеки има привилегирано детство и расте аристократски – јавање коњи, школување во престижни приватни училишта и живот на висока нога. Сето ова, како и едногодишниот престој во Франција, го оформува нејзиното чувство за естетика.

До времето кога го запознава Џон, Џеки веќе ги има поставено основите на сопствениот стил – класична елеганција, нагласена со модерен минимализам. Жаклин и Џон Кенеди се запознаваат во мај 1952 година на забава организирана од заеднички пријатели. Плановите за венчавка официјално се објавени на 25 јуни 1953 година, а на 12 септември истата година стапуваат во брак.

Џеки Кенеди

Венчаницата на Џеки е еден од најценетите и најкопираните невестински фустани, а е дело на њујоршката модна креаторка Ен Лоу. Свадбениот изглед Џеки го комплетира со превез кој ѝ припаѓал на нејзината баба и бели ракавици до зглобови инспирирани од 50-тите години.

Џеки Кенеди Џеки Кенеди

По медениот месец, зад гламурозниот живот презентиран пред јавноста, парот се соочува со неколку трагедии. Во 1955 година Џеки доживува спонтан абортус, а една година подоцна раѓа мртво девојче кое требало да го носи името Арабела. На огромна радост, во 1957 година парот го добива првото дете, ќерката Каролина.

За време на политичката кампања за претседателските избори во 1960 година, Џеки повторно забременува и иако во плановите било зацртано да се вклучи активно во кампањата, таа се повлекува за да го намали ризикот од здравствени проблеми. Второто дете на Џеки и Џон, Џон Ф. Кенеди Џуниор, се раѓа две недели по изборите. Неколку месеци пред атентатот на Кенеди, Џеки предвреме го раѓа синот Патрик, кој за жал издишува за последен пат само два дена по раѓањето.

Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди

По седнувањето на Џон Кенеди во претседателската фотелја во 1960 година, американската јавност е маѓепсана од Џеки. Како што напредува кариерата на нејзиниот сопруг, така таа сѐ посамоуверено го покажува својот талент за облекување. Имајќи го на ум принципот „помалку е повеќе“, Џеки избира едноставна облека докажувајќи дека „не мора да носиш фенси облека за да бидеш елегантен“.

Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди

Имајќи прецизно дефинирана замисла како сака да изгледа, Жаклин во есента 1961 година го ангажира американскиот дизајнер со француско потекло Олег Касини да создаде оригинална колекција облека за неа како прва дама на САД, велејќи му да ја облекува како „Џон да е претседател на Франција“. „Џеки изгледот“ инстантно го заслепи светот и иако Кенеди многупати изјавува дека нема желба да биде моден лидер, брзо станува пример и креатор на нови трендови. Нејзината љубов кон „пилбокс“ (црногорски) шапките со молскавична брзина прерасна во хит тренд.

Касини за помалку од три години создава околу 300 елегантни аутфити за Џеки – од волненото палто со јака од самур кое таа го носи на денот на инаугурацијата на нејзиниот сопруг и бежовиот свилен фустан со кратки ракави за гала вечерта пред инаугурацијата, до бројните фустани и костуми кои ја истакнуваат нејзината убавина за време на свечените настани и патувањата во Европа, Индија и Пакистан.

Џеки Кенеди Џеки Кенеди

Создадена од луксузни материјали и чисти силуети, облеката на Кенеди служи како инспирација за милиони жени низ светот. Официјалниот дневен изглед на првата дама се состои од едноставни пастелни фустани и костуми со големи копчиња, ¾ ракави и здолништа до колена со А-линија или форма ѕвоно, палта комбинирани со препознатливата „пилбокс“ шапка, бисери и брошови. За деновите поминати во Белата куќа таа избира панталони со висок струк, комбинирани со блуза, ролка или џемпер од кашмир и секогаш финиширани со огромни очила – тренд кој и денес е актуелен.

Комбинирајќи ги гламурот и едноставноста, Џеки за вечерните прилики избира еднобојни фустани без ракави со кроеви кои ја потенцираат нејзината слаба фигура. Обувките секогаш се совршено координирани со нејзината облека, а неретко нејзините раце се покриени со префинети бели ракавици.

Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди

Иако поседува привлечна фигура Жаклин вешто избира модели кои ги кријат нејзините облини од погледите на јавноста. Преферирајќи го црното горе, а белото на долниот дел од телото за да го избегне изгледот кој потсетува на келнер, таа докажува дека црното и белото се безвременски.

За време на патувањата во други земји, првата дама на стилот секогаш се облекува со почит кон традициите на земјата-домаќин. Така, кога ја посетува Индија нејзиниот стил е поконзервативен за разлика од облеката која ја носи на американски настани. Овој квалитет ѝ ја подарува наклонетоста на луѓето од целиот свет.

Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди

Жаклин останува запаметена и по „реставрацијата“ на Белата куќа и нејзиното претворање во историско и уметничко место. Таа остава силен белег врз ентериерот. Особено се залага за создавање на значителна колекција од американски уметнички слики која гласно зборува за американската цивилизација. За телевизиската турнеа низ Белата куќа, на Св. Валентин во 1962 година, со која го презентира своето дело, таа избира црвен волнен дневен фустан.

Џеки Кенеди

Иако Касини е нејзин официјален дизајнер, Џеки не ја крие својата љубов кон европските дизајнери, особено кон Живанши, Диор и Шанел и троши цело богатство на својот изглед.

За многумина Жаклин Кенеди е жената со најдобар изглед во 60-тите години, со способност да го носи секој стил во секоја боја. Нејзиното аристократско држење и нејзината смисла за стил ја прават интригантна и уникатна.

Плакарот на г-ѓа Кенеди вклучува стотици впечатливи аутфити, но засекогаш запаметен ќе остане розовиот волнен „Шанел“ костум кој го носи во Далас на 22 ноември 1963 година, денот на смртта на нејзиниот сопруг. Костумот со здолниште е амблем на атентатот на нејзиниот сопруг и еден од иконските елементи на модата во 60-тите години. Розовата креација била изработена од Чез Нинон, но материјалот, копчињата и кројот доаѓале директно од Шанел.

Џеки Кенеди

За време на трагичниот настан, костумот на Џеки е прекриен со крвави флеки, но таа инсистира да го носи на заклетвата на новиот претседател Линдон Џонсон со зборовите: „Сакам да видат што му направија на Џек“. Потресната слика остави многумина без зборови.

Џеки КенедиЏеки со крвава облека по атентатот на Кенеди Џеки Кенеди

На погребот на Џон Кенеди, верната Џеки застанува цврсто и храбро покрај своите две деца и уште повеќе ги придобива почитта, восхитот и симпатиите на светот. „Жаклин Кенеди им даде на Американците едно нешто кое отсекогаш им недостигаше: Величественост“ – пишува тогаш во дневниот весник „The London Evening Standard“.

Дури и откако повторно се омажи, пред сè за да ги заштити своите деца, со еден од најбогатите луѓе во светот, грчкиот магнат Аристотел Оназис во 1968 година, Џеки продолжи да го фасцинира светот. Нејзиниот стил продолжи да еволуира за да добие нов порелаксиран изглед познат како „Jackie-O“ кој се карактеризира со широки панталони, црни ролки и се разбира нејзиниот потпис, големите „О“ (кружни) темни очила и марамите.

Венчаницата од Валентино која таа ја носи на свадбата со Оназис станува најуспешно модно парче на познатиот бренд.

Џеки КенедиСвадбена фотографија на Џеки и Аристотел Џеки Кенеди

За време на бракот со Оназис, таа често експериментира со изгледот, играјќи си со марамите околу вратот или на главата. За вечерните прилики г-ѓа Оназис преферира долги гламурозни фустани.

Во 70-тите години за Џеки е карактеристичен бохо изгледот, кој одлично се вклопува во нејзиниот медитерански животен стил во Грција. Бохо здолништата со висок шлиц кој е модерен во тоа време, широките панталони и колани и шарените ретро принтови се составен дел од нејзиниот изглед во овој период. И додека полека ги остава зад себе „пилбокс“ шапките, Џеки никогаш не се разделува од големите впечатливи очила за сонце.

Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди Џеки Кенеди

По смртта на Оназис, таа се посветува на издаваштвото и се залага за зачувување на американското културно наследство. Дури и во подоцнежните години, Жаклин Кенеди Оназис вметнува во својот стил елементи кои го прават нејзиниот изглед иконски и достоен за почит. Џеки умира во 1994 година на 65-годишна возраст, не оставајќи зад себе ниту една лоша фотографија и ниту еден лош моден изглед и со право се смета за една од највлијателните личности во модната индустрија.

Џеки Кенеди Џеки Кенеди

Прва дама, ултимативна модна икона, верна сопруга и мајка полна со љубов – милиони до денес ја нарекуваат Џеки „американската кралица“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.