Кристијано Роналдо несомнено има кој да го наследи. Успешниот спортист, кој е еден од најдобрите фудбалери во светот, сподели фотографија со синот Кристијано Џуниор и покажа дека навистина крушата под круша паѓа.
Дуото татко-син позираше само по шорцеви во соба за фитнес тренинзи. Тие ги покажаа мускулестите тела и за само еден час добија над 4 милиони лајкови.


13-годишниот Кристијано Џуниор е најголемото од петте деца на Роналдо. Тој ги следи стапките на својот татко и е талентиран млад фудбалер.

