Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Како се осмелувате? Ми ги украдовте соништата и детството“: 16-годишна девојка им одржа лекција на светските лидери

„Како се осмелувате? Ми ги украдовте соништата и детството“: 16-годишна девојка им одржа лекција на светските лидери

Грета Тунберг со емотивен говор се обиде да им ја разбуди свеста за климатските промени на светските лидери.

На Климатскиот самит на ОН, 16-годишната активистка, која е номинирана за Нобелова награда за мир, со насолзени очи им зборуваше на политичарите дека нејзината генерација ќе ги трпи последиците од нивните грешки.

Видео

„Ова е погрешно. Не би требало да сум тука. Би требало да сум на училиште на другата страна од океанот. А сепак, вие ни се обраќате нам, на младите луѓе, за надеж? Како се осмелувате? Ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови.“

Грета Тунберг Грета Тунберг

„Јас сум меѓу среќниците. Луѓето страдаат. Луѓето умираат. Цели екосистеми се распаѓаат. Ние сме на почетокот на масовно истребување, а вие зборувате само за пари и приказни за траен економски раст. Како се осмелувате?“ – рече Грета, која има Аспергеров синдром и е во аутистичниот спектар.

„Повеќе од 30 години, науката е кристално јасна. Како се осмелувате да продолжите да гледате на другата страна и да доаѓате тука велејќи дека правите доволно кога потребните политики и решенија ги нема никаде? Велите дека нè слушате и дека ја разбирате итноста, но без оглед на тоа колку тажна и лута сум јас, не сакам да верувам дека тоа е вистина. Бидејќи ако навистина ја разбиравте ситуацијата, а сепак не преземате ништо, тоа би значело дека сте злобни. А одбивам да верувам дека тоа е така“ – додала таа.

Смелата Швеѓанка со лут израз на лицето истакна дека мерките кои ги преземаат развиените држави за заштита на животната средина и за намалување на емисијата на штетни гасови не се доволни.

Грета Тунберг

„Нè изневерувате. Но, младите луѓе започнуваат да го разбираат вашето предавство. Очите на сите идни генерации се вперени во вас. Ако изберете да нè изневерите, јас велам дека никогаш нема да ви опростиме. Нема да ви дозволиме да се извлечете со ова. Токму сега и тука ја повлекуваме линијата. Светот се буди. Промените доаѓаат, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не“ – со силни емоции рече Грета.

Самитот на тема „A Race We Can Win. A Race We Must Win“ беше свикан од Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој ги пофали младите луѓе како Грета.

„Мојата генерација не успеа да преземе одговорност за да ја заштити нашата планета. Тоа мора да се промени. Климатската криза е предизвикана од нас и решенијата за неа мора да дојдат од нас“ – истакна тој.

Грета Тунберг Грета Тунберг

Целосниот говор на Тунберг можете да го прочитате тука.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11191 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.