Почетна » Новости » Занимливости » „Аутизмот не е дар, но може да биде супермоќ“: 16-годишната девојка номинирана за Нобелова награда за мир со порака за Денот на аутизмот

„Аутизмот не е дар, но може да биде супермоќ“: 16-годишната девојка номинирана за Нобелова награда за мир со порака за Денот на аутизмот

Грета Тунберг го крена својот глас на Светскиот ден за зголемување на свеста за аутизмот, кој денес се одбележува низ целиот свет.

16-годишната Швеѓанка има Аспергеров синдром, но тоа не ја спречува да прави позитивни промени во светот и да се бори против климатските промени и глобалното затоплување. Грета е инспирација за многу луѓе низ светот и благодарение на нејзините заложби, годинава е номинирана за Нобелова награда за мир.

Грета Тунберг

Пред неколку часа, смелата девојка напиша дека се гордее што е во аутистичниот спектар, бидејќи на светот му требаат луѓе кои размислуваат различно од другите. Еве ја нејзината порака:

Денес е Светски ден за подигнување на свеста за аутизмот. Се гордеам што сум во спектарот!

Не, аутизмот не е „дар“. За повеќето, тоа е бескрајна борба со училиштата, работните места и насилниците. Но, во вистинските околности, со правилните прилагодувања, тој МОЖЕ да биде супермоќ. Сум се соочувала со депресија, алиенација, анксиозност и нарушувања. Но, без мојата дијагноза, јас никогаш немаше да започнам со школски протести. Бидејќи тогаш ќе бев како сите останати.

Нашите општества мора да се променат, а ние имаме потреба од луѓе кои мислат надвор од кутијата. Мораме да започнеме да се грижиме едни за други. И да ги прифатиме нашите разлики.

Грета е активистка позната по организирањето на првиот школски протест пред зградата на Шведскиот парламент и емотивниот говор на Конференцијата за климатски промени на ОН.

Грета Тунберг Грета Тунберг Грета Тунберг Грета Тунберг

Во неделата, таа одржа говор на овогодишното доделување на наградите Goldene Kamera во Германија.

„Живееме во чуден свет, во кој децата мораат да го жртвуваат нивното образование за да протестираат против уништувањето на нивната иднина“ – рече Грета пред бројните славни личности кои ја следеа со огромно внимание.

Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот секоја година се одбележува на 2 април.

„На Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот го креваме нашиот глас против дискриминацијата, ги славиме различностите во нашата глобална заедница и ја зајакнуваме нашата посветеност за целосна инклузија и вклученост на лицата со аутизам. Да ги поддржиме да го достигнат својот целосен потенцијал е витален дел од нашите напори да го реализираме нашето суштинско верување од ‘Агенда 2030 за одржлив развој: Да не изоставиме никого’“ – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес.

Во рамките на глобалната кампања „Light It Up Blue“, која се одвива веќе 9 години, на овој ден, знаменитости низ светот се осветлуваат со сино светло.

Ако сакате да се вклучите во оваа кампања, денес облечете се во сино.

Македонскиот уметник Зоран Кардула, кој е татко на ќерка со аутизам, наслика прекрасна илустрација за да го одбележи овој ден.

„Нека засвети плаво! Денес денот посветен на мојот херој Ерато која го менува светот со ГУШ и БАЦ“ – напиша тој во описот на илустрација од Ерато.

Грета Тунберг Грета Тунберг Грета Тунберг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11163 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.