Бијонсе започна со активна промоција на својот нов филмски проект. 37-годишната пејачка, која го позајмува својот глас за Нала во филмската верзија на „Кралот лав“, присуствуваше на премиерата на дизниевиот хит во Холивуд.
На свеченоста во „Долби театарот“, музичката ѕвезда беше придружувана од 7-годишната ќеркичка Блу Ајви.
И двете се појавија во впечатливи складни стајлинзи, со кои привлекуваа внимание.
Креацијата која Бијонсе ја носеше е дело на Александар МекКвин.
И Џеј Зи се појави на прикажувањето на филмот.
Бијонсе ја доби поддршката од своите поранешни колешки од Destiny’s Child – Мишел Вилијамс и Кели Роланд.