Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ирина Шајк сними моден едиторијал и зборуваше за бракот, мајчинството и растењето во Русија

Ирина Шајк сними моден едиторијал и зборуваше за бракот, мајчинството и растењето во Русија

Ирина Шајк е ѕвездата од дигиталното издание на Harper's Bazaar. Убавата Русинка сними фотосесија и даде интервју за списанието пред нејзината неодамнешна разделба од Бредли Купер.

Коментирајќи ги нејзините ставови за бракот, Шајк изјави: „Секој гледа на бракот поинаку. Дали верувам во брак? Да, се разбира. Не сум од личностите кои се против.“

За големиот интерес на јавноста за нејзиниот приватен живот, таа вели: „Сметам дека се такви човечките суштества - ако го немаш, сакаш да го имаш. Има завеса и сакаш да ја тргнеш завесата. Љубопитство е, претпоставувам“.

Кога станува збор за мајчинството, Ирина е категорична дека жените не треба да се менуваат откако ќе добијат дете и треба да си останат доследни на себе. „Треба навистина да бидеш себеси за твоите деца. Во спротивно, ќе живееш во лага. Кажете ми една причина зошто треба да носиш подолго здолниште само затоа што си мајка. Не! Не верувам во тоа. Навистина“ - рече Шајк, која има мала ќерка со Бредли Купер.

Славниот модел проговори и за растењето со силни жени. Имено, на 14-годишната возраст таа го изгубила татко си, кој работел како рудар и починал како последица на компликации со белите дробови. Бидејќи и двајцата нејзини дедовци биле починати, таа продолжила да расте со мајка си, сестра си и двете баби. „Никогаш немавме мажи наоколу. Мораш да научиш како да заковаш шајка во ѕидот, како да ги ставиш завесите. Знам сè за садење домати и краставици, бидејќи во Русија така ја преживуваш зимата“ - раскажува таа.

Ирина на 19 години ги направи првите големи чекори во модната индустрија. Тогаш, живеела во мал апартман во Париз со други девојки, а сите добивале само мала сума пари за преживување и мапа за да се движат од кастинг на кастинг. „Ти даваат џепарлак и мапа. Кога сега се враќам во Париз и имам мој возач и престојувам во хотел, навистина го ценам сегашниот живот и знам колкава среќничка сум. Ништо не доаѓа лесно во животот. Уште од детството, во времињата кога немаше плата за мајка ми и татко ми, сметам дека сум фокусирана на преживување. Тоа те учи да работиш напорно. Те учи дека никој нема да дојде и да ти даде нешто“ - истакнува таа.

Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.