Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Златен глобус: Рајан Гослинг ѝ се заблагодари на саканата Ева Мендес во емотивен говор

Златен глобус: Рајан Гослинг ѝ се заблагодари на саканата Ева Мендес во емотивен говор

Рајан Гослинг ја цени поддршката и помошта на Ева Мендес и не се срами јавно да го покаже тоа.

На манифестацијата Златен глобус, 36-годишниот актер беше прогласен за Најдобар актер во мјузикл/комедија. Својот говор, тој го искористи за да ѝ се заблагодари на саканата партнерка и добиената награда му ја посвети на нејзиниот брат кој неодамна почина од рак.

Златен глобус 2017

Во говорот, Гослинг објаснува дека доколку Мендес не ги преземела сите семејни обврски и грижата за децата на свој грб, тој немало да ја има можноста да биде дел од филмот „La La Land“, за кој ја доби наградата.

„Додека јас пеев, танцував, свирев на пијано и го имав едно од најдобрите искуства кои некогаш сум ги имам за филм, мојата дама се грижеше за нашата ќерка додека беше бремена со нашата втора ќерка и се обидуваше да му помогне на својот брат да се избори против ракот. Ако не ги преземеше таа сите овие обврски на свој грб, за јас да го имам ова искуство, тогаш сигурно некој друг ќе беше денес овде на мое место на сцената. Затоа, душо ти благодарам. До моите ќерки Амада и Есмералда: „Ве сакам“. И ако смеам, би сакал да ја посветам оваа награда на споменот за нејзиниот брат Хуан Карлос Мендес“ – рече Гослинг во својот говор.

Златен глобус 2017

Рајан и Ева се запознаа на снимањето на филмот „The Place Beyond the Pines“, а ја започнаа својата врска во септември 2011 година.

Ева Мендес и Рајан Гослинг Ева Мендес и Рајан Гослинг Рајан Гослинг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.