Дуа Липа и Калум Тарнер за првпат заедно се појавија на балот МЕТ.
Пред Музејот на уметностите „Метрополитен“, 29-годишната пејачка и 35-годишниот актер зачекорија во елегантно издание и изгледаа заљубено и среќно. На раката на Дуа блескаше вереничкиот прстен со кој Тарнер ја запроси на Божиќ.



Популарната музичка ѕвезда со косовско потекло носеше делумно проѕирна креација од Шанел и складни ракавици.





Липа и Тарнер започнаа да се состануваат во јануари 2024 година, а во декември започнаа да кружат информации дека тие се вериле за Божиќ откако тој клекнал на едно колено и ѝ приредил романтичен предлог за брак.







