Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон работат на снимањето на сцени од втората сезона на серијата „And Just Like That“.
Во претстојните епизоди од продолжението на „Sex And The City“ нè очекува уште едно модно шоу какво што знае да приреди само Кери Бредшо.

Изборот на смели модни комбинации отсекогаш ѝ бил заштитен знак на Кери. Таа знае како да остави впечаток со нејзините стајлинзи.
На снимањето по њујоршките улици, Паркер носеше свилен циклама фустан со долги широки ракави кој ја нагласува нејзината женственост. Креацијата е надополнета со колан на половината, минималистички розови сандали и текстурирана чанта.



На објавените фотографии од зад сцената, Кери носи впечатлив тексас комбинезон, искомбиниран со сандали на високи потпетици и 3Д чантичка во облик на гулаб.





Не заостануваат ни модните избори на „Шарлот“. Кристин беше фотографирана на снимањето во театрално издание кое изобилува со принципиелна и строга женственост.





Никол Ари Паркер, која ја има улогата на Лиса, снимаше сцена во црвен фустан од Валентино и впечатлив моден додаток за глава.





„Втората сезона се работи за издржливост, опоравување и полесно наоѓање на смеа за луѓето кои доживеале тага“ – сподели Сара Џесика.
Новата мини серија насловена „And Just Like That“ ги следи Кери Бредшо, Миранда Хобс и Шарлот Јорк низ нивното патување низ 50-тите години од животот.